Маск го повика Путин на онлајн разговор, за Кремљ понудата е „многу интересна“

пред 3 години

Основачот на компаниите „Спејс екс“ и „Тесла“, милијардерот Илон Маск, денеска ја искористи неговата нова омилена социјална мрежа, „Клабхаус“, за да го повика рускиот претседател на разговор преку апликацијата, која функционира само преку аудио пораки.

Маск го означи официјалниот профил на Кремљ за да упати барање: „Би сакале ли да ми се придружите на разговор на Клабхаус?“

По ова, Маск напиша уште една порака на руски јазик: „Би ми претставувала особена чест да разговарам со Вас“.

Кремљ смета дека понудата за разговор е „многу интересна“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Но, таа, како што наведе тој, треба детално да се разгледа, пренесе агенцијата ТАСС.

„Прво сакаме да ја разбереме понудата,“ рече Песков.

Тој потсети дека рускиот претседател не користи социјални мрежи и дека нема никакви лични профили.

Песков рече дека понудата на Маск е многу интересна, но дека тие прво мора да разберат што мисли, за што станува збор, а потоа ќе одговорат.

Scroll to Top