Меркел: ЕУ ќе обезбеди поголемо производство на вакцини во Европа

пред 3 години

Лидерите на Европската Унија ќе разговараат за тоа како да се произведуваат повеќе вакцини на европско тло, бидејќи проблемите со снабдувањето на Унијата се повеќе поврзани со недостаток на производни капацитети отколку со недоволно нарачување, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

„Британските производствени локации ја снабдуваат Велика Британија, а САД не извезуваат, па затоа се потпираме на она што можеме да го сториме во Европа“, рече канцеларката во парламентот пред самитот на лидерите на ЕУ закажан за денес.

Таа додаде дека мора да претпоставиме дека вирусот со неговите мутации може да нè окупира долго време, така што тоа прашање ќе се протега и во иднина.

Покрај тоа, мора да се работи повеќе за снабдување на остатокот од светот со вакцини, бидејќи во спротивно ќе се појават нови мутации, од кои некои може да се покажат отпорни на вакцините, предупреди Меркел.

Scroll to Top