Мишел: ЕУ ќе ги разгледа сите правни мерки за да обезбеди набавка на вакцини

пред 3 години

Европската унија треба да ги испита законските мерки за да обезбеди набавка на вакцини против Ковид-19 ако не успеат преговорите со компаниите за нивна испорака, наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Ги поддржувам сите напори за решавање на ова прашање со компаниите преку дијалог и преговори“, рече Мишел.

„Ако, сепак, не се најде задоволително решение, верувам дека треба да ги истражиме сите опции и да ги искористиме сите правни средства и мерки за спроведување што ни се достапни според договорот“, рече Мишел.

Scroll to Top