НАТО го поздрави продолжувањето на договорот Нов СТАРТ

пред 3 години

НАТО го поздравува и целосно го поддржува продолжувањето за пет години на договорот Нов СТАРТ меѓу САД и Руската Федерација, соопшти Алијансата.

Како што е наведено во соопштението, НАТО сојузниците сметаат дека договорот Нов СТАРТ придонесува за меѓународната стабилност и изразуваат силна поддршка за негово понатамошно спроведување, како и активен дијалог за начините за подобрување на стратешката стабилност.

Сојузниците остануваат решени да ги поддржат постојните договори и обврски за разоружување, контрола на вооружувањето и неширење на оружје. Тие изразија поддршка за понатамошни преговори за контрола на оружјето, со цел подобрување на безбедноста на Алијансата, земајќи го предвид меѓународно безбедносно опкружување што преовладува.

Сојузниците сметаат дека продолжувањето на договорот е почеток, а не крај на напорите за справување со нуклеарните закани и новите предизвици за стратешката стабилност.

Иако САД ја вклучуваат Русија на начини за да се унапредат нашите колективни интереси, НАТО останува јасен во врска со предизвиците што ги поставува Русија.

– Тесно ќе соработуваме за да одговориме на агресивните активности на Русија, кои претставуваат закана за евро-атлантската безбедност, соопшти Алијансата.

Scroll to Top