Пациент во психијатриска болница во Германија уби две, а рани уште две медицински сестри и полицаец

пред 3 години

Две лица загинаа, а други три се повредени во напад во психијатриска болница во градот Линебург, соопшти германската полиција.

Осомничен е млад човек кој  има 21 година а бил примен во болницата претходниот ден.

За него, како што соопшти полицијата во Германија, постои сомнение дека нападнал двајца постари пациенти во текот на ноќта и ги убил.

„Тој повреди и две медицински сестри, од кои едната е потешко ранета и еден полицаец“, информираат од таму.

Полицијата во Линебург соопшти дека мажот -напаѓач е уапсен.

Scroll to Top