Две деца силувани во Штип и Кочани

пред 3 години

Две малолетнички, во Штип и во Кочани, биле силувани вчера, а случаите во полиција ги пријавиле нивни роднини, информираат од МВР.

Според билтенот на СВР-Штип, вчера во 13.20 часот во полициската станица во градот, 57-годишна жена пријавила дека претходниот ден околу 16 часот била извршена обљуба врз нејзината малолетна внука, од страна на лице кое исто така било малолетно.

Вториот случај е во Кочани и пријавен е вчера во 14.30 часот, според МВР.

„Четирисет и две годишен маж пријавил дека околу 00.30 часот, Х.Н. извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава,“ се вели во соопштението на СВР-Штип.

Scroll to Top