Полицаец во Чиле уби уличен забавувач, јавноста гневна, запалени државни згради

пред 3 години

Во јужниот дел на Чиле почнаа насилни протести по објавувањето видео снимки на кои се гледа како полицаец застрелува уличен забавувач.

Демонстрантите ги запалија државните згради во Пангуипули, а во главниот град Сантијаго, гневните граѓани излегоа на улиците, јави Би-Би-Си.

Министерот за внатрешни работи Родриго Делгадо го осуди подметнување пожари и рече дека по завршувањето на истрагата за пукањето, виновникот ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Убиството на уличниот забавувач се случи во петокот, а протестите почнаа вчера.

Scroll to Top