Песков: Санкциите против Белорусија повеќе покажуваат слабост отколку сила

пред 4 години

Одлуката на ЕУ да не го става белорускиот претседателот Лукашенко на црната листа на белоруски функционери на кои им се изречени санкции е позитивен знак, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Во исто време Песков истакна дека Москва како целина има многу негативен став кон политиката на санкции, пренесува ТАСС.

„Во секој случај, тоа повеќе покажува слабост отколку сила“, рече Песков.

Тој посочи дека ставањето на највисоките државни службеници или шефот на државата на црната листа ќе ја уништи секоја можност за контакти и ќе ја спречи ЕУ да одржува дијалог со Белорусија, особено со цел да разговара за прашања од заеднички интерес.

Scroll to Top