Рама: Косово има проблеми со себе, домашната политика стана надворешна и обратно

пред 3 години

Албанскиот премиерот Еди Рама остро реагираше по изјавите на вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, дадени за време на нејзината официјална посета на Тирана.

Рама отсечно порача дека Албанија нема проблем со Косово, но оти косовската политика има проблеми со себе си бидејќи, според него, нивната внатрешна политика одамна се претворила во надворешна и обратно.

-Нашата цел беше и останува да има нула проблеми со соседите, но нула проблеми со соседите не значи да се тие сокријат. Тоа значи зборување за нив. Надвор од тоа, во овој случај не е дека имаме проблеми, немаме проблеми со Косово. За жал, Косово има проблеми со себе си и ако можам да направам концизна дефиниција за проблемот што го гледам таму, тоа е дека долго време домашната политика стана надворешна политика и обратно, рече рама.

Додаде дека ова го исцрпило Косово внатрешно и надворешно и нагласи дека тоа е проблем што го гледа со голема загриженост.

Scroll to Top