Републиканците се близу до победа во Претставничкиот дом, мртва трка за Сенатот

пред 1 година

Сите избирачки места на среднорочните избори во САД беа затворени во седум часот утринава по средноевропско време.

Последните избирачки места беа затворени на Алјаска, на Алеутските острови, каде живеат околу 10.000 жители и на Хаваите, кои се во иста временска зона.

Повеќе од 240 милиони Американци го избраа новото свикување на Претставничкиот дом и Сенатот, гувернери во 36 сојузни држави, а беа одржани и локални избори.

Околу 7:30 часот по средноевропско време, ситуацијата е сè уште тесна во Сенатот, каде демократите, според проекциите на Си-Ен-Ен, водат со 47:46, а за мнозинство се потребни 51 место. Во Претставничкиот дом резултатот е 197:173 во корист на републиканците, а за мнозинство се потребни 218 места.

Scroll to Top