Српската кошаркарка се самоубила поради тоа што била злоставувана

пред 3 години

Јелица Дабовиќ, поранешна спортистка и сестра на кошаркарките и репрезентативки Милица и Ана, се огласи по повод големата трагедија што ја потресе Србија.

Имено, таа зборуваше за 15-годишната кошаркарка на Партизан која се самоуби пред неколку дена и рече дека девојчето било жртва на злоставување.

Јелица Дабовиќ напиша:

„За жал, пред околу еден месец, оваа девојка ми пиша на Инстаграм дека се соочува со ужасно насилство и дека не гледа излез од таа ситуација, освен самоубиството. Јас и реков дека секој проблем има решение и дека треба само да ми каже за што точно станува збор. Сепак, таа не ме послуша, туку и престана да пишува, а потоа го исклучи профилот, очигледно избирајќи свое „решение“, напиша таа.

Јелица Дабовиќ рече дека профилот од каде девојчето и пишало не бил вистински, но таа истакна дека е сигурна дека тоа е токму таа.

„Од деталите што ми ги опиша во пораките, кристално е јасно дека тоа е таа, тоа е трета личност која се самоуби поради злоставувањето, а која претходно ме информираше за тоа. Навистина е страшно“, напиша таа и на крај испрати порака:

„Девојки, запомнете – нема ништо поглупаво од молчењето со кое го штитите вашиот злоставувач, освен мислата дека ќе го решите проблемот со самоубиство!!!“.

„Верувам дека покрај злосторникот кој ја однесе оваа девојка во смрт, има барем уште еден сведок кој знае зошто се случило ова и кога ќе го изеде „ракот на совеста“ ако продолжи да молчи за тоа“, напиша Јелица Дабовиќ.

Scroll to Top