Тихановскаја: Макрон вети дека ќе помогне

пред 4 години

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на Литванија, се состана со лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја.

По тој состанок, Тихановскаја изјави дека претседателот на Франција и ветил помош во преговорите со властите на Белорусија за ослободување на политички затвореници.

„Макрон ни вети дека ќе стори сé за да помогне во преговорите за време на политичката криза во нашата земја … и ќе стори сé за да помогне во ослободувањето на сите политички затвореници“, изјави Тихановскаја пред новинарите по средбата со Макрон, пренесува „Ројтерс“.

Тихановскаја, која беше еден од кандидатите на спорните претседателски избори во Белорусија на 9 август, ја напушти земјата и замина во Вилнус откако долгогодишниот претседател на Белорусија Александар Лукашенко беше прогласен за победник на изборите, а над демонстрантите кои протестираа против наводната кражба на изборите започна репресија.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top