Хајко Мас во карантин

пред 4 години

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има Ковид-19. Иако првиот тест на министерот покажа дека Мас е негативен, тој ја откажа планираната посета на Јордан, се наведува во соопштението на германското министерство, пренесува „Ројтерс“. „Министерот за надворешни работи, Мас, беше ставен во карантин бидејќи член на неговото обезбедување беше заразен со Ковид-19“, се додава во соопштението. Веста за Мас следуваше само еден ден по одложувањето на средбата на лидерите на ЕУ бидејќи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е во карантин поради контакт со лице заразено од коронавирус. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top