Чешка ја продолжи вонредната состојба до 23 декември

пред 3 години

Долниот дом на чешкиот парламент го одобри продолжувањето на вонредната состојба до 23 декември, што е пократко отколку што побара кабинетот на премиерот Андреј Бабиш.

Некои мерки воведени од чешката влада со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, како на пример ограничувањето на јавните собири или привремениот прекин на работата на компаниите може да се применуваат само доколку се законски засновани во вонредна состојба, објави „Ројтерс“.

Scroll to Top