Ибрахимовиќ: Како сум тргнал ќе играм и со внукот на Малдини

пред 3 години


Првиот стрелец во Серија А, Златан Ибрахимовиќ, рекол дека се уште не размислува да стави крај на кариерата. Се уште им се радува на головите и успесите, поради тоа, стрелецот на 10 голови сезонава во Серија, нема намера да се пензионира.


Колку години е активен во фудбалот најдобро отсликува еден податок.

„Сум бил дел од различни генерации. Играв против поранешниот дефанзивец на Милан, паоло Малдини, а сега соиграч ми е неговиот син Даниеле. Кој знае можеби ќе заиграм и со внукот на Малдини, е тоа би било чудо“, рекол Ибрахимовиќ за Би-би-си.

Scroll to Top