Ќе има ли истрага за расистичкиот коментар на Кавани?

пред 3 години

Англиските медиуми очекуваат од Фудбалската асоцијација (ФА) да покрене истрага против напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани, поради негова објава на социјалните мрежи. Објавата, според медиумите е „со навредлив и расистички коментар“. Кавани на својот профил на „Инстаграм“ пријател му напишал: „Ти благодарам, црнец“. Манчестер јунајтед застана во одбрана на напаѓачот. Според клубот Кавани тоа го напишал во афект, и дека тоа има различно толкување во Јужна Америка, односно во Уругвај. Манчестер јунајтед, наведе, дека на Лавани му е јасно дека ваквите зборови во Велика Британија се доживуваат како дискриминација, односно расизам. ФА не се огласија, но извесно е дека ќе покренат истрага. Единсон Кавани, вчера, со два гола и асистенција, го режираше пресвртот на Манчестер јунајтед против Саутемптон.

Scroll to Top