Кајмакоски во болница, се сомнева дека бившата му ставила нешто во кафето

пред 3 години

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ пренесува А1он.мк. Тој вели дека му се слошило од кафето кое му го дала поранешната сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, а во кое тој се сомнева дека му ставила дрога.

Му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога.

Од МВР потврдиле дека Кајмакоски бил примен во болницата и дека се работи на расчистување на случајот.

Неговата поранешна сопруга, Кристина Димитријевска, не сакала да даде изјава.

„Не би коментирала вакви глупости. Ако мислите дека треба да кажам нешто барајте го мојот адвокат“, кусо одговорила Димитријевска на прашањето зошто Кајмакоски ја обвинува дека му дала кафе од кое му се слошило и го исклучила телефонот.

Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак со Димитријевска во кој добија син.

Извор/А1Он.мк

Scroll to Top