Македонскиот пејач и композитор, Роберт Билбилов, вчера прослави роденден и ја објави својата најнова песна „Нигде не те наоѓам“. Робин Зимаков е автор на текстот, доека, музиката и аранжманот се на Блиблов.
Спотот е снимен на неколку локации, а во него се појавува манекенката Ирина Кузевска.
Пејачот вели дека времето минато во карантин го искористил продуктивно и дека доста поголемиот дел го поминал во студиото, наместо дома. Тој ни кажа дека се надева дека го погодил вкусот на публиката и дека новата песна ќе им се допадне на фановите.
„Пандемијата со коронавирус ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студио , па така и се роди „Нигде не те наоѓам“, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката. Премиерата беше вчера, на мојот роденден и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека „Нигде не те наоѓам“ ќе се најде на вашата плеј музичка листа ова лето“, порача Билбилов.