Лавров денеска и утре во БиХ и во Србија

пред 3 години

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува денеска и утре во официјална посета на Босна и Херцеговина. Шефот на руската дипломатија во вторник ќе отпатува за Белград.

За време на неговиот престој во Босна и Херцеговина, тој треба да се сретне со претставници на Претседателството на БиХ, министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ и треба да се одржи посебна средба со претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик во источно Сараево.

Лавров требаше да ја посети Босна и Херцеговина во октомври, но поради задолжителна самоизолација тој ја одложи посетата.

По БиХ, Лавров ќе го посети Белград на 15 декември, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. За време на посетата, рускиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со неговиот српски колега Никола Селаковиќ.

Scroll to Top