(Видео) Промовирана евровизиската песна на нашиот претставник Васил Гарванлиев

пред 3 години

Евровизискиот претставник на Македонија, Васил Гарванлиев, го промовира видеоспотот за песната Here I Stand, со која ќе настапи на годинешниот Евросонг во Ротердам, Холандија.

Васил е автор на музиката и текстот, а аранжманот и продукцијата се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Придружните вокали се снимени во Чикаго, а ги пеат некогашни членови на Детскиот хор на Чикаго, во кој пеел Васил кога како дете живеел во Америка.

Тој за медиумите изјави дека ес гордее што ќе ја претставува Македонија со оваа композиција. Гарванлиев посочува дека песната го отсликува него и неговата животна приказна, а верува дека ќе допре до сите што минале низ трнлив пат и воделе тешки битки.

За евровизиската песна е снимен и спот на повеќе локации, а го отсликува процесот на снимањето на песната во студиото FAMES, дел од сцените се снимани во Даутпашиниот амам во Скопје, има и кадри од Културниот центар во Чикаго, каде што Васил поминувал многу време со Детскиот хор од Чикаго.

Гарванлиев вторпат ја претставува Македонија на Евровизија.

Scroll to Top