Рамбо Амадеус пуштен од болница: Имав повеќе среќа од Балашевиќ

пред 3 години

Црногорски музичар Рамбо Амадеус беше пуштен од инфективната болница во Подгорица, каде што се лекуваше од Ковид-19. Тој пред една недела потврди дека е позитивен на коронавирусот и дека е во болница.

„Треба да се чувам уште дваесетина дена, а потоа повторно ќе бидам оној стариот. Имав среќа што на време отидов на лекување на инфективната клиника, каде што работат надлуѓе, посветени експерти. Мојот почитуван колега Балашевиќ ја немаше таа среќа на време да дојде во рацете на лекари. Имав повеќе среќа од него“, изјави Амадеус.

Музичарот, кој најави концерт во Белград во април, вели дека ќе му треба време да се врати во форма, но за среќа, никој не му забранил д свири гитара.

 

„Видов многу, до вчера здрави луѓе како се борат за живот, па можам да се радувам што го победив овој вирус за кој долго време не верував дека е толку опасен. Никој не би требало да се опушта“ додал тој.

Scroll to Top