(Галерија) Пирс Броснан ја продава куќата за 100 милиони долари

пред 4 години

Холивудскиот глумец Пирс Броснан, планира да се пресели на Хаваите, па го продава својот луксузен дом покрај плажа во Малибу за цена од 100 милиони долари. Хациендата е инспирирана од филмот „Утре никогаш не умира“ за Џејмс Бонд, во кој тој глумеше. Броснан (67) ја изгради куќата во 2010 година, откако уште во 2000 година кога купи две одделни парцели за помалку од 7,5 милиони долари. Имотот има девет спални соби, куќа за гости на два ката, базен, излез на приватна плажа. Истовремено куќата е екопријателски и самата создава толку многу енергија што може да ја напојува главната куќа, надворешниот базен и двокатната куќа за гости, а остатокот да го донира на локалното население.

Scroll to Top