Николина Пишек и нејзината ќерка пронајдени без свест во домот

пред 3 години

Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка Уна биле пронајдени без свест во нивниот дом во Загреб, откако во зградата каде што живеат пукнала цевка за гас и тие се затруле со јаглероден-моноксид. Пред да изгуби свест, Николина разговарала на телефон со нејзиниот сопруг, Видоје Ристовиќ, кој во тоа време бил во Белград и му кажала дека не се чувствува добро, а и дека Уна повраќа.

„Сè се случил ноќта помеѓу саботата и неделата. Околу 20 часот се слушнав со сопругот кој поради работа мораше да оди во Белград. Му кажав дека ќе гледаме филм и ќе одмораме. Му се јавив пак околу еден часот по полноќ и му кажав дека Уна повраќа и има силна главоболка. Ме советуваше да одиме на лекар. Во меѓувреме, најверојатно сум се онесвестила“, рекла Пишек за хрватските медиуми.

Бидејќи по последниот разговор со Видоје Николина не кревала на телефон, тој вртел кај неколку нивни пријатели додека еден од нив не му се јавил. Видеје му кажал што се случува и пријателот повилак полиција и брза помош.

„Кога дошле да проверат што се случува, ѕвонеле, но го слушнале само кучето. Провалиле во станот и ме нашле онесвестена на подот, а Уна лежела на креветот, исто така во несвесна состојба“, додала водителката.

По ова тие биле пренесени во болница, а полицијата открила дека се работи за пукната цевка која  предизвикала труење со гас. Николина е пуштена од болница, а нејзината ќерка е на детска клиника. Пожарникарите утврдиле дека во станот во тој момент имало седум пати повеќе доза на плин од онаа која е дозволена.

Scroll to Top