Пејачката Милица Тодоровиќ му се врати на бившиот

пред 4 години

Пејачката Милица Тодоровиќ се смири со нејзиното поранешно момче Петар Стругар. Српските медиуми пишуваат дека по неколку месечната пауза, пејачката и глумеот повторно се заедно. Медиумите пшуваат дека Милица дознала за тепачката на Петар со некој од неговите вработени. Таа го посетила во Белград. Извор близок до двојката, открива дека не им требало многу време за повторно да се смират. „Петар не помина добро. Веројатно ќе мора да оди на операција. Многумина беа изненадени кога Милица го побара. Разговараа долго време по телефон, а потоа таа одлучи да го посети. Одлучија да си дадат уште една шанса На Петар, Милица му е многу важна“, открива другарка на пејачката. „На Петар му беше мило што Милица е покрај него и што уште еднаш покажа дека знае да се грижи за него. Отогаш се слушаат често и сакаат поголем дел од времето да поминат заедно“, открива изворот.

Извор: reporter.mk

Scroll to Top