Победникот на „Никогаш не е доцна“ пронајден мртов во неговиот стан

пред 3 години

Првиот победник на шоуто „Никогаш не е доцна“, Станоје Становиќ, познат како Кале Дијамант, почина на 54 години од срцев удар. Пејачот бил пронајден мртов во неговиот стан во Германија, откако два дена не се јавувал на телефон.

Последните денови од животот, Кале бил во Дизелдорф, но не чувствувал некаква мачнина или здравствени проблеми, рекол за медиумите член на неговото семејство.

„Почина нашиот и ваш крал на народната музика. Ќе останеш засекогаш во нашите срца, за нас си сè уште жив. Најдобра татко, најдобар дедо, најголема наша ѕвезда, почивај во мир. Те сакаат твоите ќерки, сопруга и внуци“, напиша семејството на „Фејсбук“.

Scroll to Top