Ѓорѓе Давид лут на власта: „Престанете да нè понижувате“

пред 4 години

Рокерот Ѓорѓе Давид, кој е и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ е лут што музичарите како него не можат да имаат настапи на отворено, во време кога во клубовите и на сплавовите низ Србија се одржуваат журки на затворено. Тој вели дека најдобро ја разбира ситуацијата со короната, оти беше меѓу првите што се разболе, но не ја сфаќа поделеноста и одлуките на власта за одржување настани за отворено односно, на затворено. „Во октомври ни беа откажани два настапи поради лошата епидемиолошка состојба! Сплавовите и клубовите се полни, а настапи на отворено, почитувајќи ги сегашните услови, не може да има! Зошто нè навредувате и понижувате?“, праша јавно музичарот. По оваа негова реакција, имаше коментари дека барем нему му е лесно оти сигурно заработува како члена на жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Scroll to Top