ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е најзадолжена во историјата, а Заев јаде од златен прибор кој чини 50 илјади евра

пред 3 години

„Дури фамилијата на Зоран Заев јаде со златен прибор кој чини над 50 000 евра, над 54.000 лица останаа без работа за само една година, а уште 50.000 други работници не земаат редовно плата.Заеви уживаат во луксуз и златни лажици кои вредат цело богатство дури половина милион граѓани на Македонија живеат во сиромаштија со две евра на ден“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „да биде безобразието поголемо Заеви се фалат со своето богатство стекнато со матните зделки и тендери во време кога народот нема ни за леб, кога десетици илјади семејства на тутунари, лозари, оризари не можат да си ги земат тешко заработените пари“.

„Се дури е Заев власт до тогаш ќе гледаме како Македонија тоне. Дури тој ужива во златниот прибор, Македонија е најзадолжена во историјата, најнесреќна, најсиромашна и најкорумпирана држава во Европа“, се додава во соопштението.

Scroll to Top