Се полнат ковид центрите: На лекување се 1315 лица, во Скопје за еден ден имало 54 приеми

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 54 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 549 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 766 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 100 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 118, во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 57 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 10, Кавадарци 69, а во Гевгелија 23 лица.

Scroll to Top