МВР: Во Скопје санкционирани 357 возачи, 36 без возачка дозвола

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 357 мерки, меѓу кои 36 за возење без возачка дозвола, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 за користење на мобилен телефон и осум санкции за управување под дејство на алкохол.

МВР дополнува дека се изречени 54 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 35 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 23 санкции.

Министерството наведува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top