ДОМ: Да ги отстрануваме, а не да ги легализираме дивоградбите

пред 3 години

Зелената партија ДОМ е против усвојување на измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кои се предвидува продолжување на рокот за легализација за уште 5 години. Децидни се дека граѓаните имаа законска можност од 10 години за да ги легализираат дивоградбите изградени до 3 март 2011 година.

„Сметаме дека со продолжување на рокот за легализација се охрабрува бесправното градење. Истовремено, се доведуваат во неправедна положба граѓаните кои уредно си поднесуваат барања за дозвола за градба.Со продолжување на легализацијата на дивоградбите се девалвира просторното и урбанистичко планирање. Која е целта на носење урбанистички планови, ако се легализираат објекти кои не биле предвидени? Со причина, бесправното градење е квалификувано како кривично дело кое се санкционира со затворска казна“, велат од ДОМ.

Според партијата, крајно време е наместо да се продолжува со легализирање на дивите градби, да почнат исите да се отстрануваат.

Scroll to Top