На болничко лекување во ковид центрите во Скопје и низ државава има 911 пациенти

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 537 пациенти. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 911. Во ковид центрите има околу 400 слободни кревети информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 83 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 72 во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 24 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 58 пациент, во Кочани 17 во Кичево 11, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 12 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Scroll to Top