Полицијата најде 110 грама во домот на жена од Гостивар

пред 3 години

Полицајци денеска извршиле претрес во домот на гостиварка, при што откриле и одзеле наркотична дрога хероин и ја уапсиле жената, се вели во соопштение од СВР Тетово.

Според полицијата, денеска околу пладне инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки, извршиле претрес во домот кај В.С. (37) од Гостивар. При пребарувањето се пронајдени 110 грама хероин. По пронаоѓањето на дрогата, гостиварката е лишена од слобода. Во текот на денот ќе се работи на случајот кој во меѓувреме е целосно документиран.

Во текот на денот се очекува против гостиварката да биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top