Санкционирани 272 возачи во Скопје, од кои 89 за пречекорена брзина

пред 4 години

При засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 272 санкции, од кои 89 за пречекорување на дозволената брзина на движење, информира Министерството за внатрешни работи.

Изречени се и 46 казни за неносење на заштитна маска, девет сакнции на лица кои возеле без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, а санкционирани биле и 12 мотоциклисти.

Вкупно 50 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а 74 за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли, посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Scroll to Top