309 санкционирани возачи во Скопје, од кои 86 за пречекорена брзина

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден информира дека продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 8 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 86 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 7, од кои 2 возила коишто вршат јавен превоз на патници – автобуси, 68 мерки за непрописно паркирање, 71 возило подигнати со пајак, а изречени се 120 казни за неносење на заштитна маска, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top