СДСМ: Заболените и починатите од коронавирус не се бројка туку луѓе, Мицкоски сака да ги злоупотребува

пред 4 години

„Очајниот губитник Христијан Мицкоски бесрамно продолжува да злоупотребува човечки судбини во сопствената борба за спас на фотелјата во белиот дворец. Токму затоа што заболените и почитнатите од Ковид-19 не се бројка туку луѓе, недозволиво и срамно е однесувањето на Мицкоски кој сака да ги злоупотребува, а при тоа и да работи на директна штетата на здравјето на сите“, соопшти СДСМ.

Според партијата, за време на целата пандемија, однесувањето и дејствувањето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е опасно по јавното здравје.

„Додека сите институции, сите здравствени работници неуморно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да го поткопаат здравствениот систем.Таквото однесување граѓаните го ценат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе се во опозиција“, се вели во соопштението.

Scroll to Top