Спасовски: Претходното раководство на МВР смислувало заговор за атентат на Груевски

пред 3 години

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седницата за пратенички прашања изнесе сознание дека претходното раководство во МВР смислувало обвинување дека наводно некој сакал да организира атентат врз екс Премиерот Никола Груевски во 2016-та година поврзувајќи го случајот со упадот на специјалцните единици во домот на кумановскиот началник Стојанче Величковиќ, кој тогаш беше назначен за технички министер за внатрешни работи.

„Претходната власт кон крајот на владеењето, пред да паднат од функциите, смислувала обвинување за тоа дека наводно некој сакал да организира атентат над тогашниот премиер Никола Груевски. Во Куманово требало да се заврши атентат над Никола Груевски, а во селото Четирце требало да се најде некое си оружје. Упадот во куќата на начаникот и неговото семејство беа неоправдано потресени и никој не кажа зошто тоа е направено. Немам друго објаснување освен дека ова било уште една креација на болните умови“, рече Спасовски денеска од собраниската говорница.

Scroll to Top