Тепачка во Влае: Им го попречиле патот и им го искршиле автомобилот

пред 3 години

Двајца завршија во болница поради тепачка која настанала поради недоразбирање во сообраќајот, а нивниот автомобил бил искршен од насилниците.

Од МВР информираат дека попладнево во скопската населба Влае, нешто по 18 часот, двајца на возраст од 22 и 28 години кои биле со автомобил „Голф“ биле нападнати од тројца со „Опел Корса“.

„Тие биле физички нападнати поради недоразбирање во сообраќајот од три лица кои биле со Опел корса и кои почнале да удираат по возилото. Скршено е задното стакло на автомобилот ,десното совозачко стакло и предниот фар“, велат од МВР.

На повредените им е укажана лекарска помош во болницата Св.Наум Охридски.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Scroll to Top