384 санкционирани возачи во Скопје: 138 за пречекорена брзина, 20 мотоциклисти

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 384 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 21 лицe, пречекорување на дозволената брзина на движење 138 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 20, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл, 88 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 160), а изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска, информира МВР.

Од Министерството известуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top