Mицкоски: Св. Климент e дел од идентитетот со кој денешната власт тргува

пред 3 години

Радувај се Македонијо што го имаш Св. Климент, еден од најистакнатите ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј, просветител кој описменил и образувал илјадници луѓе, не само на територија на Македонија, туку и пошироко, се наведува во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешниот христијански празник.

„Со право го славиме Св. Климент чие духовно, книжевно и црковно наследство е значаен белег за нашиот народ и држава. Тој е еден од неколкуте наши знаменити личности кои оставиле светски белег и е вграден дел од нашиот идентитет како народ и земја, истиот оној кој денешната власт како неразбрани трговци го тргуваат, преговараат, се откажуваат. Тие кои се одрекуваат од нашите великани, и го понижуваат нашиот народ се понижуваат себе си, го валкаат нашето цивилизациско право да се повикуваме на нашите темели и она што сме како народ и земја“, се вели во пораката на Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, деновите како денешниот се тука да не потсетат дека сме опстојале со векови и ќе опстоиме, допринесувајќи, како што вели, за светскиот развој и добробитта на народите ширум светот.

„Свети Климент Охридски беше продолжување на низата која носеше светлина и писменост, ние да бидеме тие кои ќе обезбедат почит на таа низа, но и сигурност и иднина на нашиот народ“, нагласува Мицкоски честитајќи го денешниот празник.

Scroll to Top