(Видео) Додик: Разочаран сум што ја загубивме Бања Лука

пред 4 години

Разочаран сум и тажен сум што го загубивме градоначалничкото место во Бања Лука, изјави Милорад Додик, претседател на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), пренесува ТВ БН.

Признавајќи го поразот во Бања Лука, Додик истакна дека жали што Бања Лука вака постапила кон Игор Радојчиќ, за кој вели дека е еден од најдобрите кадри на СНСД, бидејќи тој тоа не го заслужил и дека загубата на Бања Лука не е мал удар..

„ Радојчиќ добро и сериозно ја вршеше својата работа, не ми е пријатно што ја загубивме Бања Лука”, рече Додик и додаде дека Радојчиќ е еден од најуспешните градоначалници кои Бања Лука ги имала.

Додик додаде дека сметаат оти поразот може да биде и можност и ќе се обидат да ја искористат таа можност.

„ Ние имавме 40 општини, наши градоначалници, по овие избори сега имаме 41, што говори за тоа дека во три града кои не ги имавме досега – Приједор, Добој и Источно Сараево, ги добивме на изборите”, рече Додик, но и изрази жалење „не поминале добро” во Бијелина.

Додик рече дека од денес тој ќе биде претседател на граѓанскиот одбор на СНСД во Бања Лука, дека ќе влезе во реформа на партијата и ќе почне да се подготвува за избори во 2022 година.

Драшко Станивуковиќ, кандидат на Партијата на демократски прогрес (ПДП) за градоначалник на Бања Лука, изјави дека тие победиле на изборите, пренесува „Анадолија“.

„По 22 години, во Бања Лука победи човекот и она човечкото во него”, рече Станивуковиќ, истакнувајќи дека ова е најсреќниот ден во современата историја на Бања Лука и на Република Српска.

Станивуковиќ  посочидека ќе ја развива Бања Лука како отворен, пријателски град, дека ќе вложува во економијата за да секој има можност за работа во која ќе може да напредува без партиска книшка.

Scroll to Top