ВИДЕО: Крвав напад врз автобус во Сирија, изгореа најмалку 28 луѓе

пред 3 години

Во терористички напад со ракета врз автобус во источна Сирија попладнево се убиени 28 лица, јавија локалните медиуми. Нападот се случил на автопат во пустинската провинција Деир ез-Зор, која граничи со Ирак и за време на војната со години беше под контрола на Исламска држава.

Во автобусот, кој според државната агенција САНА бил патнички, патувале цивили, додека други медиуми јавија дека во возилото имало сириски војници и припадници на провладини единици кои се враќале во нивната база во ретко населеното подрачје. Најмалку 13 луѓе се повредени во нападот, според локалните извештаи.

На социјалните мрежи се појави снимка, чија автентичност не е потврдена, на која наводно се гледа местото на заседата непосредно по нападот, а група луѓе се обидува да им помогне на ранетите и да ги оддалечи од автобусот кој гори.

Други локални извори наведуваат дека во терористичкиот напад се убиени најмалку триесет војници, главно од елитната Четврта бригада на сириската армија, која е засилено присутна во оваа провинција богата со нафта, откако борците на Исламска држава беа протерани од неа во 2017 година.

Scroll to Top