Вонредната состојба во Словачка продолжена за уште 30 дена

пред 3 години

Вонредната состојба во Словачка ќе биде продолжена за уште 30 дена, но полицискиот час ќе започне еден час подоцна на 29 април – во 21 часот, наместо во 20 часот како што е сега, одлучи на видеоседница владата во Братислава.

Владината комисија за пандемија препорача продолжување на вонредната состојба и посочи дека се исполнети условите да се прекинат редовните тестови за коронавирус во училиштата и да се воведат интервентни тестови, кои ќе бидат спроведени паралелно со тестовите во „црните“, високоризични зони, пренесува ТАСР.

Веќе две недели ниту една област во Словачка не е обележана со црно, а новата одлука на владата треба да биде потврдена од словачкиот парламент.

Scroll to Top