Задолжителен негативен тест на Ковид-19 за сите патници во Англија

пред 3 години

Со цел да се спречи натамошното ширење на коронавирусот во Англија, сите патници кои пристигнуваат од странство од 15 јануари ќе мораат задолжително да приложат негативен тест на Ковид-19 не постар од три дена, се наведува во соопштението на британската Влада.

Во објаснувањето за спроведување на оваа мерка, Владата им наложува на транспортните оператори да проверат дали патниците имаат потврда за негативен тест на коронавирус пред влез во авион, воз или ферибот, како и по пристигнувањето на крајната дестинација.

Во случај на неспроведување на овие мерки, патниците и операторите ќе бидат казнети најмалку со по 500 фунти (677,40 евра).

Scroll to Top