Пашинјан: Се соочуваме со нов геноцид врз Ерменците

пред 4 години

Премиерот на Ерменија, Никола Пашинјан, денес изјави дека акциите на Турција и Азербејџан изгледаат како терористички напад врз Нагорно Карабах и дека тоа е продолжение на геноцидот врз Ерменците.

„Се соочуваме со азербејџанско-турски меѓународен терористички напад“, рече Пашинјан за „Скај њуз“, додавајќи дека за него нема сомнеж дека тоа е политика на континуитет на геноцид врз Ерменците и политика на повторно воспоставување на турската империја“, додаде тој.

Тој потсети на убиството на 1,5 милион Ерменци од страна на Отоманската Империја од 1915 до 1923 година, пренесува „Ројтерс“.

Scroll to Top