Приведен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија во истрагата за Вељко Беливук

пред 3 години

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, е приведен утрово на информативен разговор како дел од истрагата по апсењето на криминалецот Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, кој се затскривал и зад навивачката група на Партизан.

Според информациите од српските медиуми, Славиша Кокеза, е приведен врз основа на наводите на белградскиот угистител Александар Кајмаковиќ, познат како Аца Босанац. Тој во своја изјавасо припадниците на Управата за криминалистичка полиција изнел сознанија околу криминалните активности на групата на Вељко Беливук и потенцирал дека со него се знае „преку повеќегодишно познанство со Славиша Кокеза“.

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија треа да биде сослушан во текот на денот во просториите на СБПОК.
Славиша Кокеза е на чело на Фудвалската федерација на Србија од 20.мај 2016 година, а претходно кус период беше член на Управен одбор на Црвена Звезда.

Scroll to Top