Унгарците се приклучија на на Македонија на ЕП, Јовиќ обезбеди продолженија на Србија-Шкотска!

пред 3 години

Репрезентацијата на Унгарија се вторите кои влегоа на Европското првенство во 2021 по „патот“ на Лигата на нации на УЕФА по Македонија, откако со луд пресврт стигнаа до 2:1 победа над Исланд. И во другите два преостанати меча беше драматично – Северна Ирска израмни во финишот на 1:1 против Словачка, додека Србија со голот на толку оспоруваниот Лука Јовиќ во 90-тата минута израмни на 1:1 со Шкотска и игра продолженија.

Исланд во Будимпешта водеше од 17-тата минута со прекрасниот гол на Гилфи Сигурдсон, но Унгарците имаа атомски финиш – Лоик Него во 88. минута израмни, пред ѕвездата на Ред бул Салцбург, Доминик Собослаи да го обезбеди пласманот на ЕП во 92. минута.

Шкотска направи вистински подвиг, откако на „Рајко Митиќ“ во Белград поведе со 1:0 со голот на фудбалерот на Селтик Рајан Кристи во 52. минута од мечот, и тие беа блиску до прв пласман на големо натпреварување од 1998 година, пред ѕвездата на Реал, Јовиќ да израмни.

Scroll to Top