Црвен ибис и сервал пристигнуваат во Скопска зоолошка

пред 4 години

Во Зоолошка градина Скопје наскоро ќе пристигнат нови животни, сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис, соопштија од ЗОО.

Сервалите се африкански предатори од семејството мачки. Сервалот е еден од најголемите претставници од седумте видови мали мачки, кои го населуваат континентот. Ова животно претежно живее во Африка, во суб-сахарскиот дел на континентот со исклучок на тропските шуми. Бројот на сервалите започна да се намалува, а како главна причина се наведува човекот.

Птиците од видот Скарлет Ибис потекнуваат од егзотичните делови на Јужна Америка и Карибите и се национално обележје на Тринидад и Тобаго. Нивната специфична боја ги прави препознатливи, а во светот имаат статус на заштитен и загрозен вид.

„Овие видови на животни се доста атрактивни за посетителите и мислам дека ќе биде интересно во Скопје да се видат сервали и скарлет ибис птици кои се заштитени видови. Секако, нивните живеалишта ќе бидат направени по стандарди и веќе ги подготвуваме за новите жители,“ изјави директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски.

Scroll to Top