Владата ги усвои препораките: oд утре почнува полицискиот час од 22-5 часот, ќе трае до 22 март

пред 3 години

Владата на денешната седница, која се уште е во тек, ја донела одлуката за прогласување полициски час на територијата на целата држава.

Полицискиот час ќе трае од 22 часот навечер до 5 часот наутро, до 22 март.

„Станува збор за неполни две седмици, односно 12 дена. Освен ова, се воведуваат ограничувања за задолжителен домашен карантин за лицата кои се враќаат од афричките држави и да се обезбеди карантин, односно објект за странци кои доаѓаат од овие држави“, соопшти премиерот Заев.

Останатиот дел од одлуките, во однос на деталите за движење, работата на економските оператори, меѓународниот, домашниот, авионскиот превоз, како и издавањето дозволи за движење, ќе бдидат соопштени подоцна во текот на денот.

„Ние стоиме целосно подготвени. Ќе има засилени контроли од МВР и од инспекциите, бидејќи очигледно граѓаните се опшутија, а самиот број на заразени граѓани ни алармира дека итно мора нешто да се преземе“, изјави Заев.

Scroll to Top