Во Тетово 33 санкции за брзо возење

пред 3 години

При акциска контрола со употреба на т.н. ноќен радар, полициски службеници од Тетово синоќа од 19 до 22 часот санкционираа 33 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, од кои 14 возеле со повеќе од 50 километри на час над дозволената брзина.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, посочуваат од МВР.

Scroll to Top