На булеварот „Александар Македонски“ пукано кон комбе

пред 4 години

Возач од автомобил пукал кон комбе во кое имало патници на булеварот „Александар Македонски“.

Според информациите на МВР, вчера околу 17 часот во СВР Скопје, 30-годишниот А.Х. пријавил дека додека управувал комбе „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки во кое имало и други лица, на булеварот „Александар Македонски“, едно лице со автомобил „голф“ му се приближило и започнало да му упатува навреди.

Потоа со оружје испукало во правец на комбето. Повредени лица нема.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Scroll to Top